Здравјето пред и над се и тоа е главна константа и не го зборувам ова за политички причини, без разлика на нападите од страна на нашиот политички противник , немам причина зошто да тактизирам, навистина сакам да има избори и сакам оваа тригодишно раководство на СДСМ и Зоран Заев да замине и само така можеме да ја победиме оваа пандемија, не можеме поинаку да ја победиме на избори, потенцираше Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевија Клан.

Мицкоски во своето гостување посочи дека мора да има период кога граѓаните од оваа сосотојба на ограничување, вонредна состојба ќе имаат период на адаптација, период на транзиција, пред да можат политички да носат вистинска одлука.

Дел од нив ќе речат не ме интересира политика, не излегувам на избори, не гласам, не го залужија мојот глас, кога јас се борев за моето здравје, за здравјето на моите најблиски овие зборуваа за избори.Дел ќе излезат и ќе речат добри биле СДСМ, добри биле овие три години ќе гласаме за СДСМ. Дел ќе речат ВМРО-ДПМНЕ нуди нешто повеќе добри се ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Тие се тие кои на крајот од денот треба да донесат одлука низ еден фер демократски, кредибилен процес кој во следните 4 години ќе ги застапува и брани нивните интереси, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во своето гостување порача:

Ако вие влезете во еден изборен процес каде што веднаш од вонредна состојба во изборна кампања ќе се сложите дека нема да бидат кредибилни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.