Заев на својот социјалните мрежи се заблагодари на американската амбасадорка за поддршката.

Благодарност до амбасадорката Брнз за поддршката што САД континуирано ѝ ја дава на Република Македонија во градењето на модерно демократско општество, како и во процесот на реализација на нашите стратешки интереси поставени уште од независноста.

На денешната средба разговаравме на повеќе актуелни теми, како организирањето фер и демократски избори, процесот на реформи, како и процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, напиша Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.