Премиерот, Зоран Заев, денеска потврди дека е договорен точен термин за состанок со германската канцеларка, Ангела Меркел. Тој рече дека по состанокот ќе се има попрецизна слика дали Македонија ќе добие датум за преговори ова лето. Доколку не добие, премиерот додаде дека е возможно враќање на неговиот мандат, со што владината реконструкција би била безпредметна.

Разговорите за реконструкцијата се прилично завршени. Парламентарното мнозинство не е спокојно, по сите одлуки кои ги донесе. Можно е да се случи враќање на мандатот и тоа исклучиво во случај ако не се донесе одлуката ова лето. Ќе ги видиме основите на разговорите со канцеларката Меркел. Во постојана комуникација сме со сите земји. Останатите земји се вклучени, а најмногу помагаат Грција и Бугарија – изјави Заев денеска.

Тој додаде дека земјава не очекува веднаш да стане членка, туку само да добие датум за преговори, кое ќе користи како мотивација да се подобрат внатрешните состојби на државата.

Реконструкцијата е малку одложена, ако се случи враќа на мандат би била беспредметна. Ако се биде во ред, идната владина седница ќе има промени во делот на директорските места – додаде премиерот.

Во врска со последниот напис на „Зиддојче цајтунг“, каде стои дека на Комисијата за европска политика при Бундестагот, Меркел била категорична дека Македонија најрано што може е да добие датум за преговори во октомври, Заев рече дека тоа се стари информации.

Првата шанса за Македонија е на Европскиот совет кој ќе се одржи на крајот на јуни, а втората шанса е на крајот на јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.