Зоран Заев денеска на прес конференција во Владата изјави дека имало неафтентичен контекст во делот за МПЦ, дека се вршени сериозни интервенции кога зборува дека ќе даде стоилјади евра и се зборува за решавање на прашањето со МПЦ.

Изместувањето на конотацијата е затоа што во еден момент се прави разговор за афтокефалноста на Македонсаката православна црква, искуството на Украина, како може да помогнеме, кажувам и дека и премиерот Ципрас се труди да помогне, Бугарската црква јасно помага во тој дел, без секако да навлегуваме во одредени односи, но како политичари наша должност е да ги олеснуваме односите. И дури и за спорот СПЦ-МПЦ ние даваме само позитивни пораки, се обидуваме да помогнеме, тоа е спор помеѓу црквите кој што треба да се решава. И еден дел од контекстот кај што разговараме е афтокефалноста, сосема друг дел е кај што треба да се поддржи. Верските заедници колку треба да се поддржат. Вие знаете дека јас бев и на суд заради градење на црква во Струмица. Моето семејсво и јас имаме 14 цркви изградено, 4 џамии помогнато. Ги помагам затоа што тие за мене се божји домови, јас сум верник и верувам дека како што сите што имаат па можат да придонесат во божји храмови, сум го правел тоа дома или во странство. Општестевената одговорност е важна работа во државата, се што може да се помогне треба да се помогне. Јас сум праволсавен верник, афтоќефалноста на МПЦ е отворено прашање и јас ќе продолжам да помагам низ дипломатија и дијлог да се изнајде решение за тоа прашање, рече денеска на пресконференцијаата премиерот Заев.

Тој на прашање на новинар дали се има слушнато со вистинските Порошенко и Столтенберг по овие разговори? Заев изјави дека досега се нема слушнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.