Премиерот Зоран Заев најави дека во текот на денот или најдоцна утре ќе даде свој коментар за објавениот извештај од вештачењето за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово.

Навистина првпат слушам дека извештајот е објавен, веројатно веќе сме биле на прес-конфернција кога тоа е објавено. Дозволете да го прочитам извештајот, да го видам со се што е објавено, за да можам да ги дадам своите реакции и веднаш во текот на денот или најдоцна утре ќе дадам свој коментар за ова, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата.

Прашан, што тоа конкретно ќе значи за понудените оставки, рече дека веднаш, откако ќе ги осознае сите информации за тоа што е објавено, ќе го каже и својот став за оставките на министерот и на заменик министерот за здравство.

Заев, изрази благодарнност до институциите што ги објавуваат извештаите, затоа, како што рече, граѓаните ги чекаат.

Тоа е најважното, самите извештаи мора да бидат професионално и навремено завршени и секоја информација што дава дополинтелно одговори на нашиот народ, на семејствата на загинатите наши сограѓани е респонзивност на институциите, посочи Заев.

Претходно денеска, Јавното обвинителство на Република Македонија, информираше дека во Основното јавно обвинителство Тетово е доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.