Активистот и бизнисмен Роберт Милевски член на Македонскиот национален совет прашува дали е вистина тоа што го слуша од премиерот на ТВ.

Дали го слушате што кажува човеков, мајко мила?? Признава јавно дека заради неговите дејствија извршил кривично дело попречување на правдата (со мојата дејност блокирав одредени истражни дејствија) и спасил криминалци од затвор! И се фали со тоа јавно на телевизија! Боже Исусе што нè снајде, дали само јас ова го гледам или цела Македонија е сведок со кого си имаме работа!?, прашува Милевски, кој не може да разбере зошто Заев во интервју за 24 Вести признава дека спасил криминалци од истрага.


Извор: Експрес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.