Идеите на Зоран Заев за решавање на македонско-бугарскиот спор произлезен од Догворот за добрососедство излегуваат од устата на коалицискиот партнер Љубчо Георгиевски.

Во пет точки Георгиевски предлага акциски план за излез од, како што вели, ќор-сокакот кој води на ескалација на омразата меѓу двата народа.

Освен што рпедлага Бугарија да ја признае македонската нација како нација настаната по 1944 година, Заев преку Георгиевски нуди и решение така што македоснакта страна ќе прифати дека македонските револуционерни организации наместо македонски користеле бугарски јазик.

И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот. Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со бугарскиот, но врз база на македонските дијалекти. Но, бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирала јазик само врз база на северозападните дијалекти, со што го отворила патот на македонскиот јазичен сепаратизам, а на српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. Дека официјално писмо и јазик на сите македонски организации во османлискиот период биле бугарскиот јазик и писмо. Што се лесно проверливи факти. А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод да се затвори јазичното прашање, пишува Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.