Премиерот Зоран Заев денеска по завршивањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има. Заев кажа дека на седницата примат било ставено на три цели. Прва промените во извршната власт, се дебатирало за актуелниоте случувања во земјата во делот на меѓународните политики и дома, оттука е донесен заклучок од страна на централниот одбор да се продолжи со процесот за реконструкција на владата, да не се носи одлука за предвремени парламентарни избори, да не се оди со постапка на враќање на мандатот, туку да се продолжи со она што е прво замислено, а тоа е реконструкција на владата. Сите овие одлуки истакна Заев биле за бетонирање на Евроинтеграциската иднина на земјата.

Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето членство во НАТО, втората цел е конечно после 15 години да добиеме датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ. Уверувањата ги добивме од земјите-членки, Европскиот совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на 20-21 јуни, а секако Бундестагот ќе ја направи верификацијата за извештајот во септември, и конечно добивањето на датумот ќе следи во октомври, рече лидерот на СДСМ.

Тој истакна дека доколку пролонгирањето на извештајот и самиот датум за преговори е заради констелацијата поради изборите за Европарламентот и доколку тоа е причината за пролонгирањето за одлуката за датум за преговори, важно е конечно да биде донесена одлуката, па нека биде и во октомври.

 Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Сето тоа не става во позиција да го скратиме времето на кои било политички промени и да донесеме одлука која што е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат проимените и Владата да продолжи со целиот капацитет и да се посвети на реформите, но и на економските перспективи како приоритет за оваа година, истакна Заев.

Заев исто така додаде дека промените ќе ги почувствуваат неколку министри и околу 20 директори во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.