Уверувањата дека од почетокот на кризата владата прави сеза да се справите со пандемијата, за да има се помалку жртви, иако сведоци сме дека Македонија е рекордер по починати, премиерот Зоран Заев ги поткрепи со тврдењето дека здравствените работници биле соодветно финансиски наградени за да ја одржуваат пандемијата под контрола.

Беа навреме мотивирани со соодветни примања и навистина спасивме многу животи. Ги направивме сите чекори час поскоро да најдеме вакцини, помогнаа и пријателите. Сето ова го правиме транспарентно, се прават и „постфестум текстови“ и тие се објавуваат транспарентно. Зошто ни починуваат луѓето? Затоа што 90% од нив имале хронични болести. Друга причина е традицијата ненавремено да се оди на лекар, да се чека до последен момент. Самото тоа е потврда дека најголем број од случаите, преку 95% се над 65 години, а огромен процент од нив имале најмалку срцев проблем. Сето тоа го покажуваат податоците од дтручните луѓе, рече Заев, држејќи се до владината тактика народот да е крив што умира по болници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.