Државата ќе ги превземе ингеренциите врз општина Струга од кои се откажа градоначалникот Рамиз Мерко – рече денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Ова е најнова информација која веројатно ќе ја задоволи љубопитноста на јавноста која два дена со нетрпение чекаше да дознае што ќе следува откако Мерко со писмо во кое ги образложува своите причини, бара од Владата да ги превземе ингеренциите од областа на урбанизмот, издавањето на дозволи за градба, легализирањето на дивоградби, во делот на издавање на концесии како и во спроведување на забелешките од УНЕСКО.

Државата ќе ги превземе ингеренциите, ќе бидат избрани компании кои ќе ги отстранат дивоградбите, а легализирани ќе бидат единствено објектите кои се изградени според законските прописи – рече Заев и дополнително информираше дека и општина Охрид размислува за предавање на ингеренциите.

Во писмото, кое се уште не стигнало до премиерот, Мерко објаснува дека ја донел оваа одлука поради тоа што добивал закани од поединци кои барале дозволи за градба на различни локации, но не можеле да бидат дадени поради постоечкиот ДУП.

Мерко во писмото го обвинува и Министерството за транспорт и врски за, како што вели, намерно блокирање на економскиот раст на градот со тоа што не дозволува измена на Деталниот урбанистички план.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.