Зоран Заев, претседателот на Владата на Македонија потврди дека го контролира судството со кревање слушалка. Тој гостуваше во телевизијата „Алсат – М“ и во еден момент на водителот му вели:

„Го оставивме процесот да тече. Можевме да се јавиме на судија, да го одложи, можевме да не го осудат“.

Претходно, „Република“ повикувајќи се на пишувањата на „Инфомакс“ објави дека од судски извори се говори дека скопска апелација целосно го заобиколува АКМИС ситемот во предмети кои се од особена политички интерес за актуелната гарнитура. Имено, советот во апелација кој одлучува по предметот е неколку пати сменет се со цел за да се направи подобен кој ќе го осуди Груевски. Актуелниот совет кој треба да одлучува по предметот Тенк, всушност е избран без да се активира системот, веројатно по некои други критериуми кои немаат допир со правдата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.