Продолжува растот на платите од месец во месец. Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари, објави на неговиот ФБ статус премиерот Зоран Заев.

Посветени сме на покачување на платите за да стигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.