Најдовме квалитетно компромисно решение со матурантите. Водиме грижа за младите луѓе и затоа им излегуваме во пресрет. Се договоривме матурата да се состои од 2 екстерни испити, додека третиот да биде префрлен како интерен, со што матурантите не би имале проблем при уписот на факултетите – изјави премиерот Зоран Заев по средбата со раководството на Сојузот на средношколци.

Тој исто така истакна дека се договориле оваа година полагањето на државната матура да започне од 5-ти јуни.

Ги охрабрувам да продолжат да бидат гласни за секое прашање од нивен интерес. Научивме многу и прифативме многу дури и од луѓе како средношколците – истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.