Власта е решена од утре да започне со изборната кампања иако изборите не се официјално закажни. Техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев сметаат дека веќе нема дилеми околку датумот за избори и за нив тоа е 5 јули.

Но, јасно е дека на 5 јули избори не може да има, ниту пак на 8-ми како што лицитираше Заев пред неколку дена.

Прво и најважно е што не се донесени никакви протоколи за заштита на гласачите и за луѓето што ќе го спроведуваат изборниот процес. Јасно е дека на Заев не му е грижа за здравјето на луѓето и за брјот на заболени кој сигурно ќе се зголеми ако нема соодветна заштита.

Втор услов без кои е невозможно прво да започне кампањата а потоа и да се оди на избори е набљудувачка мисија. Без нивно присуство надвор од памет е да започне кампањата.

Очигледно е дека Заев тоа го поскакува , избори без набљудувачи и контрола за да може намира да го спроведува поткупот на гласачи како што веќе започна.
ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање има цврст став а тоа дека првиот ден штом пристигнат набљудувачите на ОБСЕ и ОДИХР изборната кампања може да започне.

Но, за таа да започне треба најпрвин да биде одреден денот на избори а тоа може да го стори единствено претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вчера почитувајќи го Уставот рече дека ќе ја исполни својата обврска и ќе ги закаже изборите штом партиите се договорат за датумот.

На ист став е и претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Тој нагласи дека за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието, Талат Џафери, да донесе решение со нов датум за избори.

Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Сега сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба-посочи Деркоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.