После речиси две децении конечно ќе спроведеме попис во државата. Ја поздравувам одлуката на пратениците за спроведување на попис и носењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.
Институциите се целосно подготвени, пописот ќе се спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, според меѓународните стандарди и критериуми на Евростат.
И Европската Комисија нотираше дека е постигнат добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението и тестирањето на новата методологија која ќе се користи за спроведување на истиот.
Оваа статистичка операција е основната алатка за креирање на развојните политики на државата. Затоа пописот во 2021 ќе се спроведе – не затоа што премиерот Заев така рекол. И не затоа што Мицкоски така сака или не сака. #Попис2021 ќе има затоа што развојот на  Македонија нема да биде можен без резултатите од овој попис, напиша на Фејсбук, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.