Делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието на Република Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.

Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.