На денешната конференција за новинарите, Претседателот на СДСМ, Зоран Заев информираше дека почнал консултации со политичките партии за обезбедување квалификувано мнозинство за носење на законот за јавно обвинителство, кој го афирмираше како критериум новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји.

Почнав да разговарам и се трудам да обезбедам двотретинско мнозинство. Тоа е обврска на сите политички чинители, да понудиме најдобро решение за граѓаните. Се надевам дека ќе успееме да го донесеме законот до распуштањето на парламентот, што ќе значи силен аргумент за земјава пред идните состаници на ЕУ, соопшти Заев.

Во битката за формирање двотретинско мнозинство потребни се и независните пратеници кои гласаа за уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор.

Да, ќе разговарам прво со независните пратеници. Тие гласаа за уставните измени и верувам дека би дале поддршка за законски решенија што се во насока на европските перспективи на државата. Сепак, сметам дека најголема одговорноста треба да преземат најголемите политички субјекти, рече Заев.

Тој очекува ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да не го блокира носењето на Законот за јавно обвинителство.

Едно е да не гласате, а друго да блокирате. Не смееме да доволиме одредени критериуми да ги надминат црвените линии дозволени со европските критериуми. Овие закони треба да се прилагодат кон европската регулатива, а не да се носат по желба на одредена политичка партија, смета Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.