Заев на заедничката прес-конференција со неговиот чешки колега, кој престојуваше во официјална посета на земјава, нагласи дека одлуките дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат токму од одлуката на Европскиот совет, како и од пораките и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе му ги пренесе канцеларката Меркел на средбата што се одржува денеска.

Најави дека по средбата со Меркел во четврток, веројатно идниот викенд ќе следи седница на Централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се одржи така ќе ги носат одлуките.

Транспарентни сме до самиот крај. Верувам дека јуни месец ќе ги заокружи сите овие политички одлуки дома затоа што се што работиме е заради интеграциите во ЕУ и НАТО кои ни влијае комплетно позитивно на економските процеси и реформите, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.