Премиерот Зоран Заев со „народски јазик“ во одбрана на предлогот за министерка за финансии Нина Ангеловска откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев од неа побара да одговори дали е точно дека вработените во нејзините фирми се пријавени на 12-15 илјади денари, додека таа зема плата од 70-80 илјади денари.

Држите некои предавања тука, 20 години државата ве плаќа да паламудите тука и да мешетарите и да испорачувате малверзации. Имате човек за 8 години засукал ркавите, даваплати. Дава плати! А вие две децении чекате плати од државата за да можете да држите овде неки лекции демотивирачки за сите други млади луѓе во државата, му врати Заев на Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.