Премиерот во оставка Зоран Заев повторно не се појави на суд за рочиштето против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во Основниот суд Скопје 2 денеска започна доказната постапка за неговата тужба за клевета, но во судницата е присутен само неговиот бранител Лазар Сандев.

Заев низ целиот процес се појави на само една судска седница, кога беше повикан како сведок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.