Лидерите на Македонија , Србија и Албанија , премиерот во заминување Зоран Заев , претседателот Александар Вучиќ и премиерот Еди Рама на заедничка прес конференција во Охрид ја објаснија потребата од донесувањето на т.н. ,,мал Шенген” со кој ќе се овозможи отворен проток на луѓе и стока низ целиот регион без големи административни процедури. Тоа во целиот регион , вклучително и во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, ќе направи подобри услови за бизнис и за поедноставно движење на граѓаните, како и зголемен интерес за странските инвеститори , нагласи премиерот на Македонија , Зоран Заев на прес конференцијата што е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.