Претседателот на Владата, Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија.

Заев искажа верување дека за само неколку месеци земјата ќе почне да испишува нова, европска иднина.

На средбата, евро-комесарот Хан го охрабри премиерот да продолжат реформите, а беше искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Македонија.

Премиерот Заев на денешната средба со Хан потенцираше дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.