Руските компании да влезат на македонскиот пазар, да ги искористат бизнис поволностите што ги нуди земјава, да инвестираат и да реализираат заеднички проекти со македонските партнери во енергетиката, гасификацијата, туризмот, земјоделството, апелира премиерот во заминување Зоран Заев во обраќањето со кое го отвори денешниот Македонско-руски бизнис форум.

Форумот се одржува во Скопје, но е во рамки на 9. сесија на Мешовитата меѓувладина комисија која утре, во Охрид, ќе заседава, а се активира по пауза од пет години.

– Односите со Руската Федерација се традиционално пријателски, но потенцијалите во делот на економијата не се доволно искористени и во овој сегмент мора да работиме. Во дијалогот на Меѓувладината комисија која повторно почнува со работа, од оваа година е внесена нова динамика. Мора да имаме успех. Верувам дека ќе постигнеме сериозен исчекор, истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.