Интересен момент се случи денеска додека премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот Кристијан Костов даваа изјави за медиумите по повод отварањето на кардиоваскуларен центар во Градската општа болница „8 Септември“.

Додека Заев одговараше на новинарско прашање, камерите ја уловија искрената и невнимателна реакција на директорот на болницата, кој на кратко погледна кон премиерот, а потоа ја искриви устата и ги преврте очите.

И додека дел од медиумите велат дека тоа го направил „од непознати причини“, поверојатната варијанта е дека реакцијата на Костов е резултат на тоа што веројатно има попаметна работа отколку да стои како инвентар додека Заев (или било кој) одговара на тотално неповрзано прашање, за СЈО. Помалку веројатната варијанта е дека Костов во тој момент бил живо заинтересиран за судбината на СЈО и дека не му се допаднал одговорот на премиерот, но сепак, ќе оставиме читателите да бидат конечните судии, пренесува „365“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.