Премирот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.

Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Се додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

Денешната панел дискусија во Виена, нагласува премиерот, уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.

Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.