Носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4 и претседател на СДСМ, Зоран Заев, заедно со кандидатите за пратеници Миле Талевски и Александар Ѓорѓиоски, како и со градоначалникот Илија Јованоски, на почетокот на денешната посета на Прилеп остварија средба со претставници на Регионалната канцеларија на Стопанската комора.

Потенцирајќи ја важноста на приватниот капитал, Заев рече дека 92 отсто од економскиот раст на државата, доаѓа од приватните инвестиции. Поддршката од 70 милиони евра која на годишно ниво државата подеднакво им ја даваше како на странските, така и на домашните приватни компании, нагласи тој, нема да изостане ни наредниот период.

Заев ги спомена мерките кои Владатаги презеде од почетокот на здравствената криза со КОВИД-19, а кои се однесуваат на директна помош на стопанските субјекти, кои што придонесоа за зачување на голем број работни места.

Во своето обраќање пред прилепските стопанственици, Заев го презентираше економскиот дел од изборната програма на СДСМ, со посебен акцент на четвртиот пакет на мерки.

Пред стопанствениците ги претстави и реформите што новата Влада предводена од СДСМ ќе ги спроведе во делот на судството и јавната администрација, и истовремено ги повика да ја искористат можноста и да аплицираат на пазарот од 4 милијарди евра годишно, што се отвори со нашето членство во НАТО.

Доаѓа убав период за бизнисот, НАТО е сериозен потенцијал за домашните фирми, апелирам до вас да се сертифицирате, со цел да земете дел од големиот финансиски колач, им порача Заев на прилепските стопанственици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.