На овој плоштад ќе грми и ќе ечи кога ќе ја славиме победата во недела во бастионот на СДСМ, истакна претседателот на партијата Зоран Заев на партиската трибина во Куманово. Тој кажа дека Куманово е град на социјалдемократијата и повика да се поддржи кандидатот Оливер Илиевски.

Куманово и кумановци и овојпат ќе бидат на страната кои го нудат најдоброто. Наредните четири години се многу важни за развојот на нашата земја. Оливере, учи се од грешките на претходникот. Колку и да е независен противкандидатот тој зависи од Куманово, а граѓаните овде биле и ќе бидат СДСМ. Тој треба да знае дека социјалдемократите овде имаат само еден кандидат, а тоа е Оливер Илиевски. Максо, добар е СДСМ кога Владата истураше стотици милиони за Куманово, кога ја раздолжуваше општината и кога ја внесуваше земјата во НАТО, добар е СДСМ кога ти даваше поддршка за советник, пратеник и градоначалник, а на првата кривина не чинел СДСМ. Во првиот момент на неизвесност Максо ја здипли опашката и фати спринтот, кажа Заев.

Тој порача „Максо ќе биде максимално поразен во Куманово“ и додаде дека единаесет години за време на режимот била заборавена општина и власта правела се за да ја опструира работата на општината, па токму затоа најмногу средства биле одделени токму за долгот на оваа општина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.