Владата на Заев во областа на енергетиката како и во сите останати полиња ветува едни исти ветувања. Таков класичен пример е и фотонапонската електрана во Осломеј. На 4 јануари 2019 година, пред две и пол години најавуваа дека е потпишан договор за изградба на фотонапонска централа на поранешните наоѓалишта на јаглен во Осломеј и дека истата инвестиција ќе биде готова за една година. Потоа на 28 ноември потпишаа пак договор за истиот проект, овој пат со ветување дека во 2020 година ќе бидат произведени првите мегават часови струја од фотонапонската електрана. Од тогаш помина толку време, а ниту фотонапонска централа има, ниту се произведени првите мегават часови електрична енергија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив денес Зоран Заев повторно промовирајќи еден ист проект не кажа ни збор за над 450 вработени во рудникот на РЕК Осломеј, дали и каде воопшто ќе работат овие луѓе. Тоа само говори за површноста во пристапот на оваа влада по вака сериозни енергетски и социјални прашања.

Имајќи искуство со Заев и неговите ветувања за инвестиции, јавноста со право ќе се прашува дали ова воопшто ќе се случи. Јасно е дека во ситуација на пад на рејтингот и секојдневни корупциски скандали Заев е спремен да ветува и рециклира стари ветувања за да ја дефокусира јавноста од своите неуспеси на секое поле кои ја тонат Македонија секој ден се подлабоко и подлабоко. 4 години власт на Заев, се 4 изгубени години за енергетиката и граѓаните. Доста е! – велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.