Во интервју за националната телевизија Канал 5, претседателот на СДСМ Зоран Заев разговараше за очекувањата од изборите и потсети зошто е важно на 15-ти јули граѓаните да излезат и да гласаат за Коалицијата Можеме.

Верувам дека граѓаните ќе излезат во масовен број. Зошто? Бидејќи ако не излезат ризикуваат враќање не режимот. А безбедноста на гласачите не е донесена под прашање. Сите знаат дека со Венко Филипче, со оваа Влада, со оваа здравствена комисија дека сме безбедни. Многу поризично е враќањето на режимот што ќе значи враќање на хаосот во здравството и економијата, затоа бараме поддршка од граѓаните, на 15 јули да ја поддржат нашата понуда преку глас за бројот 3 – истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.