По завршувањето на првиот круг од локалните избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев го одржа еден од најскандалозните говори.  Очигледниот пораз се обидуваше да го претвори во победа а какво е вистинското расположение најдобро се виде од лицето на Заев и на тие околку него.

Вештачки насмевки, по некој изнуден аплауз во салата.

Она што е најстрашно е што Заев по четири години владеење го плаши народот со војна и ги нарече опозицијата и нејзините гласачи зло.

Борбата се обединува, прогресот продолжува бидејќи злото се заканува.

Да наречеш некого зло навистина треба да ти гори под нозете и да немаш никако почитување кон оние граѓани кои не се согласуваат со преговорите со Бугарија, горењето живи луѓе во Тетово, давањето пасоши на криминалци, обидот да се лапне провизија од вакцини наместо да се донесат навреме….

Заев пред втриот круг веќе си ги присвои и ги моли за помош и гласовите од коалициските партнери, пред се ЛДП и ДУИ кои на овие избори настапија самостојно и нема никави гаранции дека во вториот круг ќе ги поддржат кандидатите на СДСМ.

Огромна е нашата коалиција . Ја обединуваме цела владина коалиција. Прогресивниот глас се обединува за вториот круг.Влегува во борба со она што со труд, борба и пот го обезбедивме со народот. За оваа наша борба прогресот се обединува за да ја обезбеди иднината на татковината. За таа цел за да ја зачуваме безбедна и сигурна македонската  иднина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.