Македонија пред финансиски колапс. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за емисијата “360 степени“, изјави дека во македонскиот буџет недостигаат две милијарди евра, при што додаде дека тоа не треба да се крие и дека тоа треба да го знаат граѓаните.

Тој исто така истакна дека реализацијата на буџетските приходи ќе биде околу 30 – 40 проценти, што значи дека ќе недостигаат 60 проценти од планирана наплата во буџетот.

Мерката која ја предлагаме за кратење на платите на администрацијата можеби и нема да биде доволна затоа што недостигаат некаде околу две милијарди и 200, тоа се 60%, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.