Oдговарајќи на прашањата на пратеничката Рашела Мизрахи во врска со Бугарија, премиерот Зоран Заев рече дека никогаш не кажал дека Бугарија била администратор, туку дека администрацијата или тогашната власт се прикучила на Третиот Рајх. Тој рече дека целта на Мизрахи и нејзиниот настап во Собранието е исполнување на политички интереси.

Преку вашите зборови исполнувате личен интерес. Целта ви е со овие фотографии да го исполните вашиот политички интерес да дојдете на власт и да имате моќ. Немате злоба во тоа затоа што сте семејство кое патело за време на фашизмот, како што пателе многу други како и моето семесјтво. Никогаш не сум кажал дека Бугарија била администратор, администрацијата или тогашната власт се прикучила на Третиот Рајх. Секако дека фашисти ги убиле тие луѓе, но ги убил фашист, а не може да зборувате за цела Бугарија, Германија, Италија. Не може цела држва да ја наречете фашистичка. Истите договори кои сме ги постигнале ги постигнале Полска и Германија и во самите договори е потврдено дека минатото нема да го заборавиме, но ќе се посветиме на иднината. Можам да бидат 10 пати по квази патриот од вас и да се удирам во гради, да бидам со избрани зборови и однапред подготвени дускусии, но мојот народ така ќе остане во балканското сивило. Затоа зборувам со зборови за пријателство, како ќе зборуваме и однесуваме не значи дека ќе се откажеме од минатото. Нашето минатото е и избор за нашата иднина. Како ќе се поставиме зависи од нас, рече Заев.

Заев рече дека не може да се нарекува фашистичка цела држава или народ, бидејќи тогаш вели, никој не го прашал бугарскиот народ да се изјасни на референдум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.