Мицкоски, заврши времето кога можевте да бидете обвинител, истражител и судија, заврши тоа време, денеска има независни професионални инстанци, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашниот ТВ дуел на телзвизија Канал 5.

Заев посочи дека однесувањето на Христијан Мицкоски е политичко профитерств и го повика да остави истрагата да ги даде одговорите за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Вие ги коментирате сите детали, гледам дека буквално од ракав тропате работи кои што се далеку од секоја можна вистина. Модуларните болници се направени од спецификација организирано од Светска банка на ист начин како што предходно се воспоставиле во сите други демократски земји, спроведена е постапката согласно законот, на крајот, не е мое и ниту ние двајцата треба да коментираме делови од истрагата, треба да оставиме истражните органи да кажат и да ги дадат сите одговори“ заклучи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.