Верувам дека преку дијалог и разговор заедно, можеме да бидеме повеќе од помош, отколку како во минатото пред 10-15 години, кога лидерите беа поодалечени. Навистина сме Балкан на 21 век, Балкан кој што е Европа и верувам дека еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Албин Курти.

Заев, посочи дека со премиерот Курти на тет-а-тет средбата, доминантно зборувале за европската перпсектива на двете земји, на двата народи и слично. 

– Јас немам против, дури и како што вика премиерот Курти, и сите земји заедно да влеземе во ЕУ, само нека биде порано, изјави Заев. 

Имаме, нагласи Заев, 12 позитивни препораки од Европската комисија, а од лани имаме и консензуален заклучок да сите 27 земји со Европскиот Совет од март 2020 година за одлука за почеток на преговорите. 

– Сега треба да го правиме следниот не чекор, туку измеѓучекор, прва меѓувладина конференција, па следува скрининг, па после поглавјата или кластерите, согласно новата методологија и од тој аспект јас можам само да кажам дека заслуживме како Македонија да добиеме отпочнати преговори, изјави Заев. 

Се надеваме, рече тој, дека тоа може да се случи со одржување на прва меѓувладина конференција некаде декември, затоа што имаме доволно време, навистина, до крајот на ноември или до втората половина на декември да навистина ги потврдиме нашите блиски пријателски односи кое е последната, така да кажам, пречка за да продолжиме на нашиот пат кон ЕУ. 

– Бугарија и бугарскиот народ дава поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ, дава поддршка и на целиот Балкан во интеграцијата во Европската Унија и јас верувам дека тој пат иако понекогаш знае да не разочара, сепак нема да не одврати затоа што нема нешто повредно од европските вредности во кои веруваме. Нашите народи веруваат во тие вредности, изјави Заев. 

Нема друга алтернатива, нагласи Заев, освен ЕУ кон кое тежнееме како народи и држави и верувам дека токму ваквите големи стратешки цели исправени пред нас се едно од најсилните причини за соработка, за размена на искуства, за меѓусебно помагање, а согласно таа европеизација и унапредување и подобрување на животот на граѓаните во двете земји или севкупно во Западен Балкан.

Со канцеларката Меркел во Тирана, Заев рече, дека имале убава проштална, на која била споделена инфомрацијата за оставање аманат, кон новиот канцелар на Германија, да го продолжи Берлинскиот процес.

– Токму преку инвестицискиот фонд за Западен Балкан и Берлинскиот процес се изградени огромни инфраструктурни проекти, унапредени се демократските капацитети на многу институции во сите шест земји и навистина, покрај директните разговори со ЕУ кои ги имаме досега, се надеваме понатаму низ поглавјата, Берлинскиот процес е нешто незаменливо и верувам дека и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе застане силно во поддршка за овој многу значаен процес за сите шест земји од Западен Балкан, изјави Заев.

Берлинскиот процес од 2014 година досега, нагласи Заев, го смени позитивно целиот Западен Балкан и неопходно е тој да проодлжи за регионалната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.