ремиерот Зоран Заев го поздрави дијалогот на претседетлот Стево Пендаровски со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но, вели, не очекува ништо од денешната средба по однос на прашањето за настаните од 27 април во Собранието.

Не очекувам ништо. Убаво е што има дијалог. Дијалогот може да носи резултати. По основ на прашањето за 27 април не очекувам ништо, ниту може претседателот на државата да аболицира или амнестира настани кои се поврзани со терористичко загрозување на уставниот поредок, ниту пак е дозволена таква работа да се направи. Но, од разговор нема зијан. Нека направат муабет, дај Боже да има повеќе консензус во државата и во делокругот на надлежностите на претседателот, како и делокругот на надлежности на опозицијата, пред се, доминантен фокус во Парламентот, вели Заев на новинарско прашање по присуството на поставување камен темелник на нова фабрика на ЛЕАР во ТИРЗ Тетово.

Тој при тоа појасни дека мисли на ослободување и побрза ефикасност, на експедитивност во однос на донесување на законите коишто, вели, живот значат за граѓаните.

-Се надевам и секако многу внимателно ќе слушнам што се заклучоците од таквиот состанок, коишто ќе ги споделат со јавноста затоа што се од висок интерес и за мене како претседател на Владата, вели Заев.  

Во однос на можноста за повторување на случајот со осудените за настаните од 27 април, за тоа доколку има нови и релевантни докази одлучува надлежниот суд. 

-Како и за сите случаи во државата, така и за тој доколку има нови докази коишто порано ги немале, а силно влијаат на можноста и поинаку да се одлучи, во таков случај, напоменувам како и за други случаи може да се отвори постапката. За тоа одлучува веројатно кривичен совет или Совет на кривични судии во надлежниот суд, ги разгледуваат ваквите докази и одлучува дали прифаќаат повторување или одбиваат барање за повторување, рече премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.