На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по избувнувањето на скандалот „Рекет“, во јавноста се појави премиерот Зоран Заев. Првите новинарски прашања се однесуваа на инсунациите за негова и инволвираноста на високи владини функционери во овој корупциски скандал. Заев тврди дека секој што земал пари, секој што прекршил закон, треба да одговара.

Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.