Дали денешниот состанок на заедничката мешовита комисија со Македонија потврди дека премиерот Зоран Заев преговара за идентитетот, иако тоа упорно го негира. Драги Ѓоргиев, копретседавачот со македонската комисија, потврди дека нема напредок во денешните преговори, а „сопирачката“ биле придавката „македонски“ и историската личност цар Самоил.

-Според бугарските колеги, употребата на придавката македонски е лимитирана целосно без оглед како се толкува и како е запишана од наша страна. За жал, тоа останува проблемот со придавката, се разговара на повисоко ниво. Во однос на работата на Комисијата се започна со учебниците, главна забелешка беше за самоуловата историја и тука не постигнавме согласност, главниот проблем е што се избегнува мултиперспективност во учебниците и идејата да се наметне само едно видување резултираше со непостигнување на резултати. Беа разгледувани варијанти, меѓутоа се покажа дека имаме спротивставени гледања како треба да се пишуваат препораките до владите, и како треба да изгледаат идните учебници во двете земји, тука зборуваме на различни јазици, вели Ѓорѓиев.

Заев вчера изјави дека Мешовитата историска комисија веќе постигнала напредок и идната година ќе започне промената на учебниците.

„Никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување и се што е поврзано со тоа прашање е нашето очекување конечно да ја симнеме билатералната спогодба со Бугарија, а тоа е да зборуваме за македонски јазик согласно Уставот на Република Македонија и за бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија“, изјави Заев.

Се чини ниту има напредок, ниту пак е точно дека никој е не го чепка македонскиот идентитет.

Ангел Димитров предводникот на бугарскиот дел од комисијата вели дека резултатот е нула има минијатурен чекор и обвини за политичко мешање.

– Јасно е дека некој суштински работи за што имавме сигнали, денешната средба ги потврди, една од нив е поврзана со политички и суштински и констатирана пракса, нашите колеги откажаа да ги потпишат записниците и настојуваат да се стави македонски, а тоа не е во согласност во воспоставената практика. Имаме две средби без записници, без документ за дискусиите и одлуките работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање за желба да се работи со резултати нашите опсерваци кажуваат дека ова е политички однос за дискредитирање на Бугарија и државните позиции. А по однос на суштината има резултат нула укажува уште нешто, непрекинато се зборува од Македонија дека комисијата ги отфрли три период во својата работа за учебниците, се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османлиството. ние сме многу далеку од завршување на работата во врска со учебниците. Нашите забелешки беа на 14 точки, ние сме на 4 точка за Цар Самоил која заврши без резултат. Има отстапување на текст утврден од двете влади, за заедничко чествувавње. Не се покажува на договор кој треба да биде исполнет, рече Димитров.

Беше додадено дека за Гоце Делчев се зборувало кратко и се уште не е разгледувана сериозно таа тема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.