Обид да избегне конкретен одговор на конкретно прашање – вака може да се прокоментира одговорот на премиерот Зоран Заев на новинарското прашање дали знае кои се Кики и Фрики од приказните на новинарот Бранко Героски за рекетот кој се покажа како вистинит. Тој втејќи од околу па на коше на крај избегна да каже дали разговарал со Кики и Фрики за нивната инволвираност за случајот Рекет за кој веќе се во притвор Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Конкретно, на денешната прес-конференција Заев од страна на новинар беше запрашан:

Дали имате сознанија за кои двајца високи функционери на СДСМ постојат сомневања дека биле инволвирани во случајот со Бојан Јовановски и го придружувале на состаноци со градоначалници од вашата партија. Или како што ги нарекуваше Бранко Героски во неговите колумни – Кики и Фрики, дали знаете кои се и дали сте разговарале со нив за нивната инволвираност.

На тоа Заев одговори:

-Јас сум запознаен од… Го коментирав тоа во парламентот, од градоначалничката од Битола, за конкретниот случај, како се одржал состанокот, што била намерата. Се доаѓа и се бара локација за старечки дом, Општината вели немаме таква намена, добро дали може да се пренамени. Отворете си постапка, со самоиницијатива можете да си направите да донесете генерален план, со генерален план се утврдуваат намените за старечки дом. Втората тема дали може тоа да биде ослободено од комуналии. Нормално, градоначалничката вика, ако е тоа во интерес на градот, обратете се до советниците, Советот одлучува. Советите на општините одлучувале за спортски терени, старечки домови,градинки, пколи и слично. Советот одлучува. До денденеска таму нема промени, ниту има таму промена на план, ниту ослободување од комуналии, односно нема реализација на таква идеја. Тоа се случувало. Секако во еден таков период, не можам јас точно да потврдам што тоа господинот Героски мисли, за кој случај точно мисли и слично. Би шпекулирал само со имињата, но, дефинитивно знам дека господинот Бојан Јовановски фружи со многу луѓе, со луѓе од владејачката партија, со луѓе од естрадата, со луѓе новинари, со луѓе од опозицијата, од сите. Така да мала ни е земјата и дружат со сите, но изговор не е некој ако направил нешто криминално, незаконски, дека тоа му е причина за незаконско или криминално дејствување. Секој што направл треба да одговара, уште еднаш ако тоа биде потврдено во нормална правна постапка со конкретни аргументи и докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.