Премиерот во заминување Зоран Заев не се сеќава на сопствената изјава дадена пред неколку месеци дека руски бизнисмени финансирале радикални протести во Македонија пред референдумот.

Не се сеќавам на таква изјава-зачудено одговори Заев.

Пред референдумот пак Заев изјави дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство.

Странските сојузници на Русија плаќаат илјадници долари за да поттикнат насилство за да ја спречат Македонија да се приклучи кон НАТО, изјави македонскиот премиер во заминување за американскиот веб-сајт Базфид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.