Законот за јавно обвинителство ќе се гласа до 11 февруари а дали ќе има двотретинско мнозинство ќе видиме.Должни сме спрема државата да го ставиме на дневен ред,дај боже да има 80 или повеќе.Ова го изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев за преговорите за овој закон.

Би бил најсреќен ако има консензус.Законот предвидува осигурување на предметите и тие се веќе во судска процедура се знае како ќе продолжат предметите кои се во предистрага.Тоа треба да биде одлучувано независно а не политичарите тајно тоа да седнат и тоа да го договорат зашушулено замумулено ајде ќе го скриеме. Не може, се се знае во државата-објасни Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.