Предлогот на Заев за инстант закони за системски теми е спротивен на суштината на демократијата, широкиот политички консензус и принципот на поделба на власта, смета пратеникот Антонијо Милошоски.

Коментирајќи ја денешната прес-конференција на премиерот Милошоски заклучува дека нема ништо демократско во предлозите на премиерот тој да кажува

– која личност треба да биде специјален обвинител, со надлежност за цела држава
– што е добар закон за обвинителство и кога треба да го изгласа Собранието
– што треба да гласа опозицијата
– дека тој како премиер ќе биде и министер за финансии
– дека тој како премиер и министер за финансии, исто така ќе биде и градоначалник за урбанизам и градежништвото на Струга и Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.