Премиерот Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација усвоена на 7-та седница на Владата, велат од Владата.

Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата, соопшти владината прес-служба.

Во соопштението се нагласува дека до новата одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.