Наместо да работи на расчистување на најголемата криминална афера во Република Македонија, премиерот Зоран Заев ја опструирал, покажува исказот на рекетираниот бизнисмен Орце Камчев, објавен синоќа на порталот Инфомакс.

Исказот на Камчев и на другите сведоци во истрагата јасно упатува на тоа дека Зоран Заев се ставил во заштита на криминалот и работел на прикривање на трагите во истрагата предупредувајќи ги Зоран Милески и Бојан Јовановски дека Камчев ги пријавил во Обвинителството.

На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски, кој имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на Обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Доколку тврдењето на Камчев е точно, дека Заев го предупредил Кичеец, премиерот сторил кривично дело за кое му се заканува затворска казна од една до пет години, во зависност по кој член од КЗ би бил гонет.

Ако Заев биде гонет според членот 369 од Кривичниот законик, му се заканува затворска казна од 1 година.

Но, ако биде гонет и според членот 365 од Кривичниот законик, „Помагање на сторител во извршено кривично дело“, може да добие затворска казна и до 5 години.

Рускоска е таа која им веруваше на Нинџа и на Дудуш

Да не заборавиме дека врз основа на исказот на Александар Василевски – Нинџа обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“ бараше и доби драконзи казни за учесниците во настаните од 27 април.

 

Ако исказот на Камчев е точен, извесно е премиерот Зоран Заев да се решил да влезе во криминал за да им помогне на Зоран Милевски и Бојан Јовановски за да се заштити самиот себеси од Бојан Јовановски, кој преку српски Курир му порача дека има инкриминирачки докази за него и дека доколку нешто му се случи во затвор, неговата мајка Јасминка ќе ги објави во јавноста.

Во прилог на вмешаноста на Зоран Заев во рекетот оди и аудиоснимката објавена во италијанскиот весник „Ла верита“, на која се слуша како Боки 13 го уверува Камчев дека Заев нема да прави проблеми за ослободувањето од обвинение на бизнисменот и дека тој ќе го менаџирал.

Во друга пак снимка Камчев му посочува дека сево ова Боки 13 го прави за нив, мислејќи на Заев и власта.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференциите редовно тврди дека Заев е на чело на криминалниот октопод. И претседателот на партијатса Христијан Мицкоски во интервју посочи дека главата на криминалниот октопод е Зоран Заев. Тој изјавува дека власта залудно сака да ја индивидуализира одговорноста за криминалот на само неколку луѓе, потенцирајќи дека се работи за организирана група која вклучува луѓе од блиското опкружување на премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.