Премиерот Зоран Заев ги негираше гласините дека поради споровите на ДУИ околу содржината на најавениот Закон за социјална заштита, министерот Мила Царевска ќе поднесе оставка. Според него, проблемите веќе се надминати.

Правото на примање социјална помош, според критериумите дефинирани во една статија, важи за домаќинствата. Традицијата на албанските граѓани е дека во домаќинството живеат лица од поширокиот круг, братучеди, членови на семејството. Требаше да се вратиме на семејството, таткото, мајката и децата. Ова беше прифатено денес. Законот ќе влезе во процедурата, на следната седница ќе бидат заеднички поддржани од коалициските партнери и други “, рече синоќа Заев.

Инаку Царовска се најде во дуел со ДУИ претходно со обелоденетата афера со непрефрлените придонеси од првиот во вториот пензиски столб, што наиде на реакција кај владиниот коалиционен партенр од члии редови беа назначувани директори на пензискиот фонд во тоа време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.