По ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Парламентот на Грција, премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук-профил напиша дека Грција е прва земја што го ратификуваше Протоколот, додавајќи и: „Ние сме НАТО!“.
Нашиот пријател, Република Грција е првата земја која го ратификуваше протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Одиме кон гарантиран успех. Полесно е со сојузници, гордо кажуваме дека ние сме НАТО, напиша Заев на Фејсбук, додавајќи ги знамињата на двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.