Зборувајќи за коалициската влада со ДУИ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вчерашната „Топ тема“ рече кога ја дигале транспарентноста и отчетноста, на многу политички партии тоа не им се допаѓало, а ДУИ била една од тие партии.

Се отворија процеси против ДУИ, но и против СДСМ. Има и пресуди. Бројките беа неприкосновени и затоа моравме да коалицираме со нив. Јас имам намера да покажам резултат во следните четири години. Граѓаните очекуваат брзи ефекти. ДУИ кога ќе аплицираат и ќе освојат 20-30 проценти македонски гласови и гласовите од другите националности тогаш може да претстават свој кандидат. Нивниот кандидат Насер Зибер гласаше за СДСМ, неговите ставови личеа на нашите. Јас имав соработка со тој човек и добро го познавам. Сакам да нагласам дека немам никакви предрасуди за ниедно место да припадне на Албанец, но не на овој начин, смета Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.