Премиерот Заев лично не ѝ нудел куферче со пари на пратеничка на Алијансата за Албанците за да премине од нивна страна, вели тој во реакција испратена од прес-службата на Владата.

Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини. Очекуваме овој демант да го објават сите медиуми кои ги објавија лажните вести изнесени од страна на Таравари на телевизија „Сител“, пишува во „најостриот демант“ испратен до мендиумите.

Во интервју на Сител Таравари рече дека јавна тајна е дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците.

На наша пратеничка ѝ нудел пари лично тој, но таа веднаш ги одбила, не сакала ниту да зборува со него за тоа. Ѝсе јавувале и другари на премиерот и други луѓе, но одбила, рече Таравари без да открие за колкава сума пари се работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.