Најоптимистичко сценарио е изборите да се одржат во јуни доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец, мај, така што јуни би можело да се одржат избори, но сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на емисијата „360 степени“.

Заев посочи дека секое лицитирање со датуми би било погрешно и дека е можно било кој месец од јуни до последниот датум 11 декември, но, според него, тоа сега не може да се предвиди со сигурност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.