Премиерот Зоран Заев денеска најави интензивирање на средбите со бугарските власти во насока на постигнување решение за спорот со Бугарија, пред јунскиот самит на Европската Унија, за кој постои оптимизам дека ќе биде дадено зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во периодот до 22 јуни ќе се одржат многу состаноци. Го спомена самитот во Анталија на 17 јуни, но како можност за средби со бугарските претставници го посочи и самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни.

Верувам дека и билатерално ќе се видиме затоа што нашите министри за надворешни работи со своите тимови соработуваат, го доразвиваат планот за соработка. Се работи за секторскиот план од сите области, верувам дека ќе го утврдиме до крај. Јас дури верувам дека може да се одржат и Меѓувладината конференција во престојниот период, а во меѓувреме да се усвојат сите потребни работи, нагласи Заев.

Додаде дека интензивирањето на состаноците и приближувањето до решение, може да биде од помош, за како што рече, „тоа гласно ДА“, кое се очекува на 22 јуни за одржување на првата Меѓувладина конференција.

Пред нас е мегдан, значаен период, верувам дека можеме да ги искористиме до максимум сите можни средби за да постигнеме евентуален успех, рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека предлогот е штетен и е планирано бугарската декларација да стане дел од преговарачката рамка и бара од Заев да каже дали на маса е таа декларација, со која се негираат македонскиот идентитет, историја и јазик. Обвинува и дека се водат тајни преговори со Бугарија и бара одговор за тоа дали е точно дека Заев ги прифаќа бугарските позиции.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот се обрати со соопштение во кое наведе дека смета оти е недоговорно да се врши национално предавство и да се преговара за историјата, јазикот и нашата посебност,

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.