Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва по завршување на Централниот одбор на партијата најави дека ќе бидат сменети најмалку тројца министри, но не сакаше да ја открие точната бројка ниту имињата.

Досега се сменети 6 министри, јас сум вкупно до бројката од една третина од Владата. Ќе има повеќе од тројца министри, изјави Заев, кој не  соопшти кој ќе го замени Николовски кој беше назначен за генерален секретар на партијата на местото на Александар Кирацовски.

Тој најави дека во периодот што следува ќе има промени освен на министри и на заменици министри и директори.

Не можам да бидам задоволен од тоа што е сработено. Од секого од кого не сум задоволен ќе побарам јавно да поднесе оставка. Нема да се толерира слабост. Најважно е да им служиме на граѓаните, тие не избрале. Голем фокус ќе има на локалната самоуправа таму има слабости и кај градоначалници и кај локални прептријатија, мора да има промена оти ветивме живот за сите и тоа мора да го исполниме, рече Заев вечерва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.